Наместо да се вратат во станицата, одлучиле да го довршат она што го започнал Мекромик и да го завршат косењето на тревникот, а на семејството му оставиле порака која што прерасна во интернет сензација.
Пожарникари од Бејтаун во Тексас станаа вистински хит откако при излегување на терен направиле нешто што никој не го очекувал од нив.
Семејството на Џон Мекормик ги повикало откако 65-годишниот маж претрпел срцев удар за време на косење на тревникот, а на терен од итната помош пристигнале и пожарникари.
Откако Мекормик бил пренесен во болница, пожарникарите заклучиле дека неговата работа не е готова. Наместо да се вратат во станицата, одлучиле да го довршат она што го започнал Мекромик и да го завршат косењето на тревникот, а на семејството му оставиле порака која што прерасна во интернет сензација.
#Baytown firefighters finish mowing lawn of heart attack victim http://t.co/xjT8zLpgvl #hounews #abc13 pic.twitter.com/hhMf1dpUFQ
— Houston News (@abc13houston) August 30, 2014
„ Се чувствувавме лошо поради тоа што вашиот сопруг не ја завршил работата во дворот, па ние ја завршивме место него. Забележавме дека вашата гаража е отклучена па ја заклучивме и го ставивме клучот во поштенското сандаче. Жал ни е за она што му се случи на вашиот сопруг, му посакуваме побрзо заздравување. Јавете ни ако можеме некако да помогнеме“, стоело во пораката.
Сето ова го видел соседот и објавил фотографијата на Твитер.
„ Тоа говори за нивниот карактер“, изјави мажот на ќерката на Мекромик, Ден Блекфорд.