Модните блогерки буквално полудеа по овој тип на здолништа!
Ова е новиот тренд што треба да пробате и вие!
Во различни должини и во различни бои секоја тоалета е нешто посебно и оригинално, а истите станаа популарни благодарение на Кери Бредшо од серијата “Сексот и градот”.
Токму оваа женствена и романтична облека стана една од главните трендови за летото. Моделите се толку различни, нежни и шарени. Можете да носите од класично бела или црна, до тоа да се обложите на храбра боја како розова, сина или жолта. Најпреферирана должина меѓу модните блогерки е онаа до колената. Во комбинација со јакна од тексас, шарени патики и едноставен топ тие можат да се пофалат со прекрасна секојдневна визија. Ако сакате да дадете доза сексапил кон овој стил одлучете се за високи потпетици.
Оваа ретро облека може да се комбинира со сите видови на додатоци. Што ќе кажете за овој тренд, девојки?