Замислете дека се будите и станувате од постлата за да ве поздрави брилијантно изгрејсонце на планина, со шумолењето на ледениот поток под вас и синото небо над вас.
Рускиот фотограф Олег Григориев не носи во планините во неговата серија „Morning Views From The Tent”, во која става во рамки прекрасни фотографии од планини со неговите испужени нозе низ отворот на неговиот шатор.
Григориев ги сликал овие фотографии на Фан планината во Таџикистан во кампови кои се на надморска височина од 4,700 метри, и спектар на планини кои се протегаат до 5.5 километри надморска височина. Со оглед на нивната висина, не е чудо што ги гледаме нозете на Гриогоиев одмарајќи ги во секоја слика!