Научете да предвидувате: Основите за гледање на дланка

Еве упатства до кои што би требало да се придржувате при гледање на дланка, безразлика дали го правите тоа од чиста забава или пак, ве интересираат сите начини да ја дознаете иднината.

1. Изберете рака

Во историјата на гледање на дланка се верува дека кај жените на десната рака е ипишано она со кое што се родени, а на левата, она што го стекнале во текот на животот. Кај мажите е обратно.

Постојат овде и спротивни мислења. Некои велат дека левата рака го покажува она што би можело да се случи.

2. Пронајдете четири главни линии

1420310-dlan_1409427351

Можно е да бидат испрекинати, или кратки, но најмалку три ќе успеете да најдете.

(1) линија на срцето
(2) линија на главата
(3)  линија на животот
(4)линија на судбината

3. Толкување на линиите на срцето

Отсликува емиоционална стабилност, перспектива, депресија и здравје на срцето. Со нејзина помош можете да го дознаете љубовниот живот.

Линија до показалецот: важност на љубовниот живот

До средниот прст: Себичност во љубовта

До средината на дланката: Лесно се заљубувате

Кратка и рамна: Не сте романтични

Ја допира линијата на животот: Лесно ќе ви го скршат срцето

Долко и закривена: Слободно ги искажувате емоциите

Права рамна и до линијата на главата: Добро манипулирате со емоциите.

4. Толкување на линијата на главата

Оваа линија покажува како ни оди учењето, комуникацијата, каков ни е интелектот и колку поседуваме „жед за знаење“. Оваа линија е поврзана со креативноста и спонтаноста.

Кратка: Ги отсликува вашите физички достигнувања

Закривена ( нагло): креативност

Одвоеност од линијата на животот: Авантуристички дух, ентузијазам…

Брановита:внимание

Дебела и долга: размислување и фокусираност

Рамна: Реални сте

Ако на неа има круг и „крстче“: емотивна криза

Испрекината: неповрзани мисли

Испрекината е со иксчиња: моментално се одлучувате

5. Толкување на линијата на животот

Започнува во близина на палецот и стига до рачниот зглоб. Отсликува физичко здравје, генерално, каква ви е состојбата и некои важни промени во животот. Нејзината должина не ја отсликува должината на животот.

Се протега токму низ палецот: често сте изморени

Закривена: полни сте со енергија

Долга и дебела: витални сте

Кратка и плитка: Лесно е да ве изманипулираат

Неколку линии на живот: Екстра здравје

6. Толкување на линијата на судбината

Го покажува степенот во кој вашиот живот е предодреден од некои околности на кои што не можете да влијаете.

Длабока линија: судбината диктира се.

Се прекинува и се менува правецот: Променлив живот под дејство на надворешни фактори.

Се придружува кон линијата на животот: Вие сте индивидуалец.

Почнува од палецот и ја сече линијата на животот: имате поддршка од пријателите и семејството.

- Реклама -