Долготрајна ерекција без причина

Доколу ви се случи да добиете долготрајна цврста ерекција без никаква причина тогаш шансите се големи да се работи за пријапизам.

Кратката и повремена ерекција е нормална и го обезбедува пенисот со потребните хранливи материи, но доколку ви се случи цврста ерекција која не престанува, а притоа нема никаков повод за тоа, тогаш најверојатно се работи за пријапизам и треба да побарате лекарска помош.

Можеби ви звучи малку бизарно да отидете во брза помош со цврста ерекција и да се жалите на тоа, но не треба да ви биде чудно бидејќи не се работи за сексуално возбудување или за нешто нормално, туку се работи за венски застој во пенисот кој не ѝ дозволува на крвта нормално да циркулира.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Кои се причините поради кои може да настане пријапизам?

– Пенилни инјекции кои се користат за лекување на еректилна дисфункција

– Повреди на пенисот

– Разни заболувања кои се склони кон згрутчување на крвта

– Повреда на ‘рбетот

– Нервни проблеми

– Тумори

– Повреди на половината

– Маларија

– Дрога

– Во одредени случаи причинителот останува непознат.

Како и да е, оваа состојба мора да се лекува. Не е опасна по животот, но може да остави трајни последици. Се решава на лесен начин со инјекција, но некогаш е потребна и хируршка интервенција.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -