Дали сте ја прочитале оваа книга? Можеби не сте требале!

Дали сте меѓу оние кои го прочитале овој светски хит? Ова истражување може да ве изненади.
Истражувањето на универзитетот во Мичиген покажа дека книгата „50 нијанси на сиво“ лошо влијае на жените. Истражувачите испитувале 715 жени меѓу 18 и 24 години и откриле дека оние кои го прочитале барем првиот дел од трилогијата, покажале поголема веројатност да имаат партнер кој покажува склоност на љубомора, тенденција за контрола и оној кој психички малетретира. Исто така, кај нив постои и поголема шанса за нарушување во исхраната.

Screenshot_10

Загрижени треба да бидат жените кои ги прочитале сите три дела од трилогијата, бидејќи токму тие, според резултатите на истражувањето, станале склони на менување на сексуални партнери и им се зголемила склоноста кон алкохолот. Оние жени кои и пред читањето на оваа книга покажувале такви тенденции, потоа само дополнително се продлабочиле, според истражувањето.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Screenshot_11

Исто така, истражувачите предупредуваат дека вредностите промовирани во оваа книга, како садо-мазо сексуалните игри, поделени улоги на жени, прогонувана и контролирана, и сето тоа за романтични цели, лошо влијае на формирањето на романичниот идеал на модерната жена, пишува New York Daily News.

Screenshot_12

Главниот лик на книгата, Кристијан Греј, костисти типични стратегии на злоставување, поради кое хероината заљубена во него го менува својот идентитет, чувствува анксиозност и е беспомошна. Сепак, можеби врската меѓу злоупотребата во реалниот живот и читањето на книгата е сосема случајна, бидејќи студијата е направена врз основа на анкета, а не на контролиран експеримент.

Ако ова се резултатите по читањето на книгата, тогаш какви ќе бидат по гледањето на филмот?

- Реклама -