Волшебни европски градови запоставени од туристите

Заедно со наградуваните туристички гиганти, во Европа постојат многу неоткриени, тивки, пријатни и шармантни места, кои што може да го освојат срцето на секој турист.

Ако имате можност, не пропуштајте да се упатите кон некое од нив.

Чески Крумлов, Чешка


Ова гратче во Јужнобохемскиот крај на Чешка се наоѓа на реката Влтава. Целото е како прекрасен декор, најмногу поради комбинацијата од згради во средновековниот, ренесансен и барокен, а исто така и во рококо стил. Областа на Стариот град е на листата на светското наследство на УНЕСКО.

Марсашлок, Малта


Симпатичен и разигран дух ја исполнува атмосферата на ова гратче кое што всушност е главното рибарското село во островската држава. Тука на секој чекор можете да се пробате вкусно приготвени, на  секакви начини риби, за кои дури и не сте се сомневале дека постојат.

Албарасин, Шпанија


Само два часа возење од Валенсија или 30 минути со воз од Теру, ќе ве водат во преубавото шпанско гратче. Ако еднаш го запознаете, тешко ќе го заборавите. Таму времето е застанато во средниот век. Сите врати се од ковано железо, и ниедна не се повторува по вид и форма.

Оденсе, Данска


Макар и да е третото по големина населено место во Данска, Оденсе поседува вистинска фасцинација на необично мало гратче.

Фрајбург, Германија


Овој кадар кажува многу повеќе од било кој опис. Само за општи информации ќе додадеме  дека во Фрајбург – град со илјадагодишна историја во југозападна Германија живеат околу 230 илјади луѓе. Луѓе кои на никаков начин не го прекршуваат чувството на смиреност и хармонија.

Ротенберг, Германија


Ве потсетува ли на  нешто овој прекрасен пејзаж? Волт Дизни го користи Ротенберг како локација при создавањето на анимацијата “Пинокио”.

Ароза, Швајцарија


Овој релативно ограничен град во Швајцарските Алпи е омилено место за рекреација на членовите на британското кралско семејство. Штом е доволно добар за нив, најверојатно би им се допаднал на сите.

- Реклама -