Изгледа дека Самсунг наскоро ќе претстави нова серија на паметни телефони, наречена GALAXY A. Пред извесно време, компанијата го претстави и првиот претставник на оваа серија GALAXY Alpha, но во рамките на серијата ќе имаме можност да видиме и уште три нови модели.
Според гласините, во оваа серија на паметни телефони на Самсунг, ќе влезат моделите кои засега ги носат кодираните имиња: SM-A300, SM-A500 и SM-A700. За жал засега нема информации за нивните технички спецификации.
Единствено знаеме дека SM-A300 ќе добие дисплеј со резолуција од 960х540 пиксели, додека пак другите два телефони ќе имаат дисплеи со резолуција од 1280 х 720 пиксели. И трите уреди ќе работат со Android 4.4 KitKat, а исто како кај GALAXY Alpha и тие ќе бидат покриени со метална обвивка.
Премиерата на овие три модели се очекува да се одржи до крајот на септември оваа година.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk