Mini наполни 55 години

Првите примероци од моделот од Бирмингем, на класичниот Mini се појавуваат на пазарот на 18 август 1959 година.

Тогаш едвај некој си замислувал дека концептот на малиот модел ќе стане еден од најимпресивните остварувања во автомобилската индустријата воопшто.



Пред 55 години на јавноста се претставени два модела кои се разликуваат единствено по маската, капаците и боите на каросеријата: Morris Mini-Minor и Austin Seven. Концептот на конструкторот, Алек Исигонис, е колку едноставен, толку и генијален: многу простор во внатрешноста, а мали надворешни димензии, четири места за седење, беспрекорно однесување на патот, ниска потрошувачка на бензин и поволна цена. 

Интересно, овие брилијантни идеи остануваат во сила и во XXI век! Со реинкарнација на моделот и воведувањето на MINI во 2001 година овој принцип е потврден: напреден концепт, секогаш убедлив, кој сега успева да се наметне во различни варијанти.

Согласно трендовите MINI комбинира повеќе варијации, па ниту еден друг концепт не е присутен со таква разновидност на варијанти како MINI. Денес гамата навистина вклучува бројни модели: почнувајќи од класичните варијанти на каросеријата на MINI, преку MINI Clubman, MINI Cabrio, MINI Coupé и MINI Roadster, за да се дојде до MINI Countryman и MINI Paceman. Со новото MINI, што е на пазарот од пролетта на 2014 година, брендот започна ново поглавје од приказната за успехот, а оваа есен простигнува и MINI со 5 врати, сосема нова варијанта во гамата. Заедничко за сите модели е елеганција, извонредна управливост, висока безбедност, спортски дух, експресивен и уникатен дизајн, како и бескомпромисен квалитет. Оваа комбинација на различни вредности денес е исто толку актуелна, како и пред 55 години.

Во чест на 55-годишниот јубилеј неодамна фановите на Сlassic и New MINI се состанаа во грофовијата Кент, за да го прослават на свој начин. Меѓу почесните гости беше и Педи Хопкерк, кој пред 50 години со Mini Cooper S ја оствари првата победа за брендот на рели Монте Карло. 

За време на International Mini Meeting фановите на брендот уште еднаш ја покажаа својата приврзаност и страст кон најпознатиот мал автомобил на светот. За јубилејот тие создадоа и произведоа стотици индивидуални налепници и слики. Најдобрите идеи ќе бидат претставени на големата изложба на MINI во музејот на BMW во Минхен.


- Реклама -