Силен земјотрес со 6,0 степени го погоди северниот дел на Сан Франциско, Калифорнија во неделата, оштетувајќи згради, предизвикувајќи пожари, оставајќи илјадници без елекртична енергија и над 90 подредени.
Трисесет- секундниот земјотрес бил почувствуван во 3.30 часот сабајле помеѓу градовите на Американскиот Кањон и Напа во срцето на познатата винска област.
Ова е најголемиот земјотрес што ја потресол заливската област по смртоносниот земјотрес од 6.9 степени во 1989 година во Лома Пиерта.
Тресењето ги активирало алармите на колите и жителите излегле на улиците сред ноќта.
Неколку историски градби во Напа здобиле тешки оштетувања, циглестата фасада била распадната по улицата.
Во Медицинскиот центар биле лекувани 89 пациенти, од кои тројца со посериозни повреди меѓу кои и дете.
До сега нема извештаи за жртви или исчезнати лица.