Правила во сексот на кои често се заборава

Експертите кои ги проучуваат сексот и љубовните врски, секојдневно ги делат своите совети на мажите и жените со цел да им помогнат во подобрувањето на нивниот љубовен живот. Меѓутоа, постојат и одредени правила во сексот на кои често се заборава:

1. Првиот секс со вашиот партнер никогаш не е најдобар

Никогаш претходно не сте ги соединиле (а понекогаш не сте ги ниту виделе) вашите голи тела. Немате ниту идеја каков ќе биде вашиот партнер во креветот, ниту што е тоа што него го возбудува. Освен тоа, секогаш постои онаа трема за тоа како ќе биде, дали ќе му се допаднете, и како ќе се покажете. Опуштете се, првиот секс речиси никогаш не е одличен.

2. Предиграта е важна

…и не дозволувајте никој да ве убеди во спротивното. Понекогаш е потребно да пешачите пред да започнете со трчањето. Поинтересно е ако ги забавите малку работите и уживате во предиграта.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

3. Сексот е смешен

Чудни звуци, урнебесни гримаси и необични пози. Сето ова е составен дел од сексот, па понекогаш може и да изгледа по малку смешно. Но, не се срамете од ваквите ситуации, бидејќи сексот и онака треба да биде забавен за двајцата партнери.

4. Ако никогаш не го побарате она што го сакате, можеби и никогаш нема да го добиете

Не се жалете дека не сте исполнети во сексот доколку никогаш не сте биле искрени кон партнерот за работите кои ве возбудуваат. Отворената комуникација е една од најважните работи кога е сексот во прашање. Не очекувајте дека некој треба да ви ги прочита мислите, или пак да ви ги толкува сите движења и фацијални експресии.

5. Утринскиот секс е најдобар лек за мамурлак

Во ред, можеби после појадокот и кафето, но сепак, утринскиот секс после мамурна ноќ сигурно ќе ви дојде подобро отколку „пијан“ секс.

- Реклама -