Компир фаци

Повеќе...Дали некогаш сте помислиле дека гледате фаца во компирот? Тогаш не сте единствени – за либанскиот уметник Ginou Choueir, секој компир поседува посебен карактер кој тој го открива сликајќи портрети кои ја отсликуваат „скриената личност“ во него.


Дали некогаш сте помислиле дека гледате фаца во компирот? Тогаш не сте
единствени – за либанскиот уметник Ginou Choueir, секој компир поседува
посебен карактер кој тој го открива сликајќи портрети кои ја
отсликуваат „скриената личност“ во него.

potatoportraits01.jpg

Тој има насликано стотици портрети на компири. На прашањето зошто баш компири тој одговара дека постои голема сличност помеѓу компирите и човечките лица: „Текстурата и бојата на компирот е многу слична со нашата, тие доаѓаат во различни големини, форми и облици. Компирите растат, живеат и потоа се распаѓаат, отсликувајќи ја минливоста и кршливоста на нашата сопствена човечка природа.“

potatoportraits03.jpg

Можеби нема да се согласите со неговата малку необична теорија, но мора да признаете дека овие компири изгледаат како навистина да имаат свој карактер.

potatoportraits04.jpg
potatoportraits11.jpg
Повеќе портрети (и од некои познати личности) можете да погледнете овде.

- Реклама -