Само за неколку кратки седмици глобалниот предизвик со ледената кофа собра над 50 милиони долари за асоцијација ALS. И тоа не покажува знаци на стагнација. Она што стартуваше со голферот Крис Кенеди во Сарасота, Флорида, во поддршка на братучед на жена му, која има латерална амиотропска склероза (АЛС) – се трансформира во социјална медиумска сензација, кој достигна дури до Белата куќа.
Од 29 јули кампањата собрала 53 милиони долари. На нејзините сметки примила повеќе од 10 милиони долари само од четвртокот наваму. За споредба – во истиот период минатата година здружението добило од донации едвај 2,2 милиони долари, наведува HuffPost.
Неговите поддржувачи, наречени Team FrateTrain, го организираа предизвикот во август на плоштадот Copley во Бостон, каде што се собраа 200 луѓе, а кампањата започна да се шири како шумски пожар.
Прочитај повеќе: Пред да се полиете со кофа ладна вода, дознајте ја суштината на предизвикот