Пред да се полиете со кофа ладна вода, дознајте ја суштината на предизвикот

Во последните неколку недели преку социјалните мрежи и веб-портали се појави таканаречениот „Ice Bucket Challenge“ предизивикот чија цел е подигнување на јавната свест за болеста ALS (Амиотрофична латерална склероза).

Повеќето од вас веќе ги имаат погледнато ваквите видеа (можеби некои од нив веќе и го направиле овој предизвик), но малкумина се запознаени со болеста, како и со причините зкои ја предизвикуваат.

Така, пред да одлучите да си истурите кофа со ладна вода врз вашата глава, подобро е прво да се едуцирате за овој проблем. Еве неколку факти за оваа болест :

1. Оваа болест ги напаѓа нервните клетки кои се одговорни за повеќе функции како што се голтање, дишење и движење на екстремитетите. Не го напаѓа мозокот, само овие моторни неврони, така што когнитивната функција е нормална.

desktop-1408724483

2. Се уште не се знае кои се причинителите на оваа болест. Генетските фактори играат улога во околу 5 до 10 проценти од случаите, но вистинските причини се се уште непознати.

3. Во Америка секоја година се дијагностицираат околу 5000 нови случаи, и тоа повеќе се афектирани на мажите отколку жените. Реткост е да се дијагностицира пред 40-та година.

desktop-1408724483 (1)

4. Повеќето луѓе со АЛС умираат од респираторна слабост, бидејќи мускулите задолжени за дишење, не можат да ја вршат својата активност.

5. Lou Gehrig е најверојатно најпознатата личност дијагностицирана со оваа болест. Други познати личности кои страдаат од АЛС се Steve Hawking, поранешниот фудбалер O.J. Brigance, актерот Michael Zaslow, гитаристот Jason Becker, and поранешниот потпретседател Henry Wallace.

desktop-1408724479

6. Откако ќе се дијагностицира болеста, човекот се очекува во просек да живее уште 3 до 5 години, во зависнот од прогресот на болеста. Само 10% од луѓето со АЛС живеат до 10 години после дијагностицирањето.

7. Донацијата за овој предизвик, надмина над 40 милиони долари, и АЛСА објави рекордни донации во последните неколку недели токму поради овој вирален феномен.

desktop-1408724472

- Реклама -