Без Google и iPhone – вака изгледаше технологијата пред 20 години

Пред дваесет години смартфонот  не бил во очите дури ни на Стив Џобс.

Сепак 1994 година е многу важна година за технолошката индустрија. Ова е годината во која се раѓа Светската мрежа, односно интернетот. Тогаш немаше паметни телефони, таблети iPad, телевизори со рамен екран и замислете – немаше Google, Netflix или Dropbox.

Од Business Insider  пронајдоа неколку  примери за тоа колку пат помина светот во технолошки поглед од тогаш:

Во 1994 година повеќето луѓе користеа компјутери со оперативен систем Windows. Тогаш Windows изгледаше вака.

 

На Запад имаше мобилни телефони, но тие беа прилично скапи. Природно, немаа екран осетлив на допир. Еве еден таков модел од Ericsson. Батеријата е како телефон.

 

Во 1994 година Тим Бернерс Ли ја создава Светската мрежа. Вака  изгледал и првиот веб-сајт во светот.

 

Во 1994 година, Стив Џобс се уште беше на чело на NeXT Software, порано позната тоа како NeXT Computer. Тоа пак е компјутерот NeXT кој Бернерс Ли го  користи за да го создаде Интернетот  и  првите страници.

 

Ова е првиот веб-сајт на Microsoft во 1994 година.  Бидејќи на сајтот имало слика, полнењето одземало време. 

Во 1994 година е основана Yahoo. Вака  изгледала страницата на сајтот.

Наместо Светската мрежа повеќето луѓе тогаш ги користат онлајн услугите како AOL. Корисниците плаќале за секоја користена минута.

Во тоа време немаше мемориски стапчиња и облак за складирање на податоци. Бекап датотеките се држеа на дискети.

Во 1994 година се појавува компјутерската игра Doom. Таа игра е хит од тогаш.

 

Sony Playstation исто така се појавуваат во 1994 година и ги менуваат видео игрите засекогаш.

 

DVD-то е создадено во 1995 година.  Значи во 1994 година луѓето гледале и снимале филмови на VHS касети.

 

Бидејќи e-mail во тоа време е скапи и немале сите, факсот беше многу популарен.

 

Споредете го сето ова со мобилните телефони денес, интернетот, пристапот до  филмови и музика, облакот. Работите очигледно  прилично се сменија во последните 20 години.  

- Реклама -