Неколку неoбични факти околу храната

Повеќе... Храната – нешто со кое сме во интеракција секојдневно, ја јадеме, ја готвиме, понекогаш таа станува форма на уметност. Но има некои неверојатни факти околу неа за кои не сме свесни, кога на пр. ја конзумираме. Еве неколку од нив.


Храната – нешто со кое сме во интеракција секојдневно, ја јадеме, ја
готвиме, понекогаш таа станува форма на уметност. Но има некои
неверојатни факти околу неа за кои не сме свесни, кога на пр. ја
конзумираме. Еве неколку од нив.

Динамит од кикиритки
peanuts-tm.jpg

Од маслото од кикиритките може да се направи глицерол, кој се користи за да се направи нитроглицерин – една од состојките на динамитот. Сепак, имајте на ум дека постојат и други процедури преку кои може да се добие динамит, без воопшто да се користат кикиритки.

Кокосова вода
coconut-tm.jpg

Во итни случаеви, водата од кокосовиот орев може да се искористи како замена за крвна плазма. Причината за тоа е што кокосовата вода (водата во кокосовиот орев – не млекото од кокосов орев) е стерилна и има идеална pH вредност.

Печена камила?
camel-tm.jpg

Најголемото нешто во светските менија е сигурно печената камила. Таа е полнета со овчки трупови, кои се поленети со кокошки, кои се наполнети со јајца. Колку и да звучи прозаично, оваа полнетата со-се-и-сешто печена камила може да се најде на бедуинските свадби.

Јаболко, компир или кромид?
800px-onions-tm.jpg

Јаболката, компирот и кромидот имаат ист вкус кога го јадете со затнат нос. Ова е доказ за неверојатно важната улога која ја има носот за чувството на вкус. Без сетилото за мирис, вкусот на овие три работи е невозможно да се разликува.

Лебдечки јајаца
eggs-0-tm.jpg

Кога јајцето лебди во вода тогаш е расипано и не треба да се јаде. Ова е најдобар начин да дознаете дали едно јајце е расипано, без при тоа да бидете изложени на лошиот мирис. Кога јајцето е свежо тоа тоне на дното на сад со вода, доколку е старо тоа ќе почне да лебди во водата за кога е расипано потпоно да не потоне.

Зависност од ванила
vanilla-orchid-tm.jpg

Конзумирањето на природна ванила предизвикува лачење на (група хормони) катехоламини, вклучитено и адреналин, што предизвикува зависност. Освен што создава зависност, ванилата ги блокира и бактериските инфекции.

Бананови дрва
796px-inside-a-wild-type-banana-tm.jpg

Всушност, банановите дрва не се дрва – туку големи билки. Големото стебло кое се смета се дрво, всушност е псевдостебло т.е. лажно стебло. Секое псевдо стебло обезбедува по еден сноп од жолти, зелени или црвени банани. Потоа тоа умира и е заменето со друго псевдостебло. Бананите што ги јадеме се специјално одгледувани да израснат без семки – оттаму не можете да насадите банана билка од комерцијалните банани. Дивите банани имаат повеќе големи семки (како на сликата).

Чувствувајте се добро со 7-Up
2091400441-40d54230e9-tm.jpg

7-Up, пијалокот кој бил измислен во 1920, во себе содржел литиум – лек кој вообичаено им се препишува на оние кои страдаат од биполарна депресија. Пијалокот во почетокот бил рекламиран како лек за мамурлук, поради фактот што соджел литиум цитрат. Бил пуштен во продажба после падот на Вол Стрит во дваесетите години под името Bib-Label Lithiated Lemon-Lime Soda. Името било скратено во 7-Up не многу одамна од неговото лансирање, но литиумот останал како една од главните состојки до 1950. Околу тоа зошто баш името 7-Up има повеќе теории, од таа дека оригиналниот рецепт содржи седум состојки (со додавката „UP“ која веројатно треба да се однесува на дејството на литиумот) па се до теоријата дека литиумот има атомска маса 7.

Мини лубеница
article-1181206-04eadfb2000005dc-87_468x603.jpg

Pepquino микро лубеницата е дваесет пати помала од нејзината традиционална роднина. Всушност се работи за диво растение со големина од три сантиметри кое неодамна беше откриено во Јужна Америка од страна на група холандски експерти за храна кои го донесоа во нивната земја и го култивираа. Има свеж и сочен вкус сличен на краставица, се јаде целосно сосе лушпа и се здобива со голема популарност во светските ресторани во последно време, како дел од салати, ужинка или предјадење, или како десерт во шербет комбинирано со црно чоколадо.

- Реклама -