Пет лесни начини да го надградите вашиот стил

Секој ден, илјадници жени низ целиот свет се будат, одат до својот гардеробер и очајно изјавуваат дека „немаат што да носат“!
Тоа е сериозна состојба, со несакани ефекти вклучувајќи откажување и носење на вчерашната облека, алишта расфрлани на подот и пристигнување доцна каде и да одат. Добрите вести се дека ова може да се излечи, и ќе го надминете тоа. Решението, побезболно отколку што мислите, вклучува шопинг. Но, ова не е треска и расфралње, туку мисија да купите 5 парчиња кои ќе го засилат и надоградат вашиот стил и ќе ја заживеат вашата гардероба. Подготвени? Одиме.

1. Впечатлив ѓердан

Додатоците се одличен и ефтин начин да внесете нешто ново во вашата гардероба. Огрлица со интересна форма, храбра боја или сложен дизајн може да го трансформира малиот црн фустан и веднаш да подобри обична бела маица во нешто спектакуларно.

v

2. Здолниште со шара

Разноврсно парче и за на работа и за забава, здолништето со шара е дефинитивно парче што ќе направи да се чувствувате возбудено што ќе го облечете повторно. Одлуечте се за здолиште до колената или средна должина и носете го како молив- здолниште за на работа, и „надоградете“ го со одличен пар потпетици и свилена маица за да добиете вечерен изглед. А за шарата, тоа целосно зависи од вас колку сте храбри и расположени.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Statement Skirts

3. „Убиствен“ пар потпетици

Ништо не прави да се чувствувате и да изгледате подобро од одличен пар потпетици. Пар тренди потпетици дава софистициран и стилски престврт дури и кога носите износена облека, и избирајќи ги внимателно ќе ви обезбеди максимална трајност. Постојат два начини да се направи ова. Првиот е да се одбере сосема уникатен и впечатлив пар. Алтернативата е да изберете нешто поедноставно, по класичен пар кој ќе одговара на се, како црни или кремасти.

Statement Shoes

4. Нова чанта

Може да биде мала или голема, но без оглед на големината, прекрасна нова чанта е нешто за кое се возбудуваме многу! Следејќи го сличното правило на ѓерданот, додатоците се лесен начин да направите облеката да изгледа нова и во тренд.

Statement Bags

5. Кармин

Без разлика дали ќе се разбудите со лоша коса, кожа или облека, карминот е вашиот спасител и најдобар пријател. Совршено нанесениот кармин прави веднаш да изгледате свежо, средено и подготвено. Ќе бидете изненадени каква разлика може да направи црвен кармин за преку ден или преку ноќ. Пронајдете ја совршената нијанса за вас, и надградувајте ја сезонски со боја која нормално не би ја пробале.

Statement Lipstick

- Реклама -