Нови уникатни смартфони со речиси невидлива рамка

Sharp Aquos Crystal и Aquos Crystal X имаат дисплеи со речиси невидлива рамка.

Смартофните на Sharp не се особено популарни (да не кажеме воопшто) надвор од Јапонија, но последните два предлога на брендот имаат потенцијал да го променат тоа.Уникатно кај Sharp Aquos Crystal и Aquos Crystal X е нивниот дизајн и исклучително тенката рамка, што ги прави најновите Smartphones доста компактни.

Уредите беа објавени од јапонскиот мобилен оператор SoftBank, сопственик на американскиот Sprint. Токму поради овој факт Sharp Aquos Crystal ќе дебитира во САД, а ова може да значи дека и во иднина ќе гледаме се повеќе од јапонските телефони надвор од нивната родна земја.

Sharp-Aquos-Crystal (1)

Настрана екранот (или поточно рамката), Sharp Aquos Crystal е со карактеристики на паметен телефон од средната класа. Уредот има 5-инчен дисплеј со 720p резолуција, Snapdragon 400 процесор (1.2 GHz), 8 GB основна и 1.5 GB Рам меморија. Aquos Crystal ќе поддржува LTE конекција и ќе користи Android 4.4.2. Новиот паметен телефон ќе располага со технологијата Clari-Fi од аудио компанијата Harman Kardon, која ќе го подобри квалитетот на звукот.Батеријата ќе има волумен од 2040mAh.

Sharp-Aquos-Crystal-X

Sharp Aquos Crystal X ќе биде паметен телефон од висока класа и предводник на компанијата, но (барем во моментот) ќе се продава само во Јапонија. Уредот има 5,5-инчен дисплеј со резолуција од 1080p, Snapdragon 801, 2 GB Рам и 32 GB главната меморија.

Според информации од SoftBank Sharp, Aquos Crystal ќе дебитира на американскиот пазар на 29-ти август.

- Реклама -