Запознајте го првиот смартфон на светот, кој утре ќе одбележи 20 години постоење!
Се работи за IMB Simon кој за прв пат бил пуштен во продажба на 16. Август, 1994 година како комбинација од мобилен телефон и широк спектар на компјутерски функции.
Карактеристично е што овој телефон никогаш не бил наречен смартфон, но ги има истите карактеристики кои ги гледаме на денешните. Телефонот имал календар, опција за зачувување белешки и опција за испраќање eлектронски пораки. Неговата тежина изнесува 500 грама.
IMB Simon е првиот мобилен телефон со софтверски апликации кој можел да се поврзе со факс машина. Бил достапен само за одредени корисници на САД и продадени се околу 50.000 модели.
Неговата висока цена и краткиот рок на батеријата (еден час), се најголемите слабости на овој телефон кои го одалечиле од пазарот само по две години од неговото претставување.
Simon, како прв смартфон, ќе биде дел од изложбата во октомври посветена на историјата на комуникацијата и информатичкката технологија која ќе се одржува во Велика Британија.
На изложбата ќе бидат изложени околу 800 различни модели, со цел да се претстави еволуцијата на комуникацијата во последните 200 години.
Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk