Тргнал да се самоубие, а станал херој

Судбината не му била наклонета на напатениот Џиоти Реј. Родителите го напуштиле уште како мал, човекот кој продолжил да се грижи за него често го злоставувал, а селаните и децата постојано го задевале. Страдањето било неподносливо – Реј решил да го заврши својот мизерен живот качувајчи се на карпа со намера да се фрли. И кога се чинело дека духот на младиот човек е скршен до најмалиот атом, се случил неочекуван пресврт.

Карпата била престрмна, а несреќникот не можел да најде начин за да се качи. Во тој момент, во негова близина забележал мајмун, кој набрзина и лесно се искачил по истата таа карпа. Реј решил да прави како што направил мајмунот, следејќи ги неговите „стапки“. Откако конечно се искачил на врвот на карпата и погледнал надолу, Реј забележал десетина насобрани луѓе, кои со воодушевување го отпоздравувале. Тие не ни претпоставувале дека тој се качувал кон својата смрт и мислеле дека се работи за извонредно храбар подвиг. Сеедно, во тој миг Реј сфатил дека поседува нешто што никој друг го нема и решил да го искористи својот талент до максимум. Оттогаш тој напорно вежба, но и напорно учи. Гледајќи ги мајмуните, тој ја набљудува и анализира нивната техника, потоа применувајќи ја и самиот.

dzioti-rej-kralj-majmuna-1408267076-552297[1]

„Мајмуните се најдобри качувачи во светот. Луѓето дошле од мајмуните. Кај мене е обратно. Јас допрва станувам мајмун“, вели Реј.

Денес го нарекуваат „Кралот Мајмун“. Не само што целото село добро се однесува кон него, туку тој е нивна гордост. Го сметаат за третиот најдобар качувач во светот. Сега, тој има своја школа во која ги подучува децата како да се качуваат, со цел да им подари инспирација каква што самиот тој имал среќа да најде.

„Качувањето е тешко. Многу пати се имам повредено. Ги скршив нозете, ги скршив рацете, го повредив грбот, ја дупнав главата… Но, никогаш не го скршив срцето“.

И додека неговата вештина можеби и нема да ја сметаме за премногу полезна или исклучителна, за исклучително сигурно ќе го сметаме сознанието за тоа колку малку му е потребно на животот за да ја пронајде волјата да продолжи да опстојува.

- Реклама -