Ако имате обична полица во спалната соба или плакарот и сметате дека не ви врши доволно работа, многу едноставно е да и додадете уште една и те како корисна функција. Се што ви треба е пвц цевка за да ја претворите во закачалка.
Измерете парче од пвц цевката со иста должина, избушете неколку дупчиња и заштрафете ја на горната страна на даската од полицата. Обично ваквите полици се поставени на идеална височина за на нив да закачите облека. Можете и да направите граничници на двата краја, за да не ви се лизнат закачалките надвор од полицата.
Проектот е едноставен и лесен, а може да ви ослободи многу простор.