Вонземјанин снимен на Месечината во 1971-ва?

Ова е фотографија снимена од Аполо 15 или Аполо 17, лансирани во 1971-та, односно 1972-та година. Информацијата ја потврдува Ноа Петро, научник што е дел од проектот за следење на орбитирачки вселенски летала.

Снимката неодамна се појави во јавност и предизвика лавина од реакции, а за тоа е виновна сенката забележана на површината на Месечината. Во потрагата се впуштија еден куп сајтови, медиуми, друштвени мрежи и ентузијасти, нагаѓајќи што би можело да значи виденото. Се разбира, најчести образложувања се оние дека е најден доказ за постоењето на вонземјани.

6863547271_7bc17b997d_z[1]

Ноа Петро, од друга страна, смета дека најверојатно се работи за прашина или гребнатина на негативот на фотографијата. Возбудата што се јави кај луѓето што ја видоа фотографијата, ја објаснува со пареидолија – психолошки феномен во кој им се придава преголема важност на случајните стимуланси, особено кога се работи за визуелна и аудио перцепција. Често се случува човечкото око да забележи појави што ги поистоветува со познати и дефинирани облици на предмети, но тоа не значи дека соодветствува со вистината.

Сепак, погледнете го видеото. Морничаво, не?

- Реклама -