Веќе и научно докажано е дека пијаниот ја зборува вистината

„Она што трезен го мисли, пијан го кажува“, оваа народна поговорка доби и научна поткрепа, благодарение на научниците од Универзитетот Мисури.

Имено, нивната студија содржи докази дека во моемнтот кога луѓето се под влијание на алкохол се искрени и ретко се плашат од последиците од своите постапки.

Студијата била извршена врз 67 лица, кои што биле поделени во две групи.

Додека едната пиела вотка и тоник, другата пиела безалкохолни пијалоци, иако врз втората бил направен плацебо ефектот. Потоа тие говореле за лицата на фотографиите што им биле приложени.

Оние што не пиеле алкогол, после една грешка, веќе размислувале да не ја повторат истата, додека оние што конзумирале не се преоптоварувале и одговарале и понатаму со истата брзина.

- Реклама -