Зошто повеќе луѓе не живеат на пусти и изолирани острови? Сепак, Тристан де Куња има население од 270 луѓе иако е оддалечен 2430 километри од најблискиот населен остров. Причините зашто овие острови остануваат ненаселени се финансиски, политички, религиозни или најчесто комбинација од сите.
1. Островот Окуношима
Три километри од брегот на Јапонија се наоѓа Окуношима, остров преплавен со зајци кои не се ни локални животни. Но на островот нема луѓе, во минатото тука имало фабрика за хемиско оружје која произведувала гасови за Армијата на Царска Јапонија од 1929 до 1945 година. Сојузничките Окупациони Сили ја разрушиле фабриката и ги ослободиле сите лабораториски животни (најчесто зајци).
Јапонија го заборавила островот сè до 1988 година кога бил отворен Музејот на Отровен Гас од Окуношима. Туристите доаѓаат на островот со траект, повеќе за дружење со припитомените зајци отколку заради музејот.
2. Антипод Острови
Антипод е група вулкански острови кои се наоѓаат јужно од Нов Зеланд. Студената клима и силните ветрови ги прават овие острови тешко место за живеење. Тие се познати по голем број бродоломи и смртни случаи, најчесто луѓе кои се обиделе да преживеат на островите и покрајт тоа што на островите има голем број мали колиби полни со намирници. Последните два смртни случаи од бродолом биле во 1999 година.
3. Островот Жако
Островот Жако во Источен Тимор нема трајни жители бидејќи локалното населние го смета за света почва. Но тоа не значи дека туристите не се добредојдени. Секојдневните посети како и кампувањето на островот се дозволени. Локалните рибари функционираат и како продавачи за туристите. Од 2007 година островот е дел од Националниот Парк Нино Конис Сантана.
4. Островот Клипертон
Клипертон е всушност мал корален атол јужно од Мексико и западно од Гватемала. Тој прво бил присвоен од Французите па Американците кои од него црпеле гуано. Контролата врз островот се префрлила на Мексико во 1897 година по што на британска компанија ѝ било дозволено да вади гуано.
Во 1914 година за време на Мексиканската Граѓанска Војна локалното население (околу 100 жители) биле изолирани од транспорт и снабдување. Во 1917 година единствените преживеани, три жени, биле спасени и евакуирани. Островот бил вратен на Французите кои поставиле светилник, но осторовт бил комплетно напуштен по Втората Светска Војна.
5. Островот Хашима
Овој остров во Јапонија често е именуван Остров Боен Брод бидејќи така изгледа. Островот се наоѓа на околу 15 километри од Нагасаки и на него имало профитабилен рудник за јаглен кој бил во употреба од 1887 до 1974 година. Рударите и нивните семејства живееле на островот кој има површина од само 6 хектари.
Над 5000 жители биле сместени во големи станбени згради. Кога почнала да се намалува количината на јаглен зградите останале празни. Со текот на времето островот станал опасно место, но со малку работа јапонските власти го отвориле за туризам во 2009 година.