Британско истражување, кое што опфаќа 1.732 луѓе во старосна граница од 18 до 39 години, покажа зачудувачки резултати дека мажите сакаат бебе пред својата партнерка.
Според ова, мажите го сакаат првото дете на 29, а жените на 32 години.
Анкетата открива дека мажите скаат да прават деца најдоцна до 35, бидејќи мислат дека после тоа се „премногу стари“ за да чекаат принова.
Убавиот пол пак, размислува за раѓање до 41-вата година од животот.
И едните и другите, меѓутоа, се согласуваат дека идеалниот број на деца е две.
Представникот на анкетата истакнува дека „улогата на таткото е се повеќе привлечна за мажите, особено по примерот на Дејвид Бекам и Бред Пит кои што одлично се снаоѓаат во таа улога. Не трева да е чудно што мажите ивеќе уживаат во татковството и лесно се носат со предизвиците од истото.
„ Постои огромна разлика во споредба со претходните години. На жените денес им е важно да изградат кариера, особено затоа што детето не е евтино. Тоа објаснува зошто се одложува раѓањето“, заклучува авторот на студијата.