Нежната страна на питбулот

Животот не е секогаш фер, особено за кучињата-бездомници. Sophie Gamand е фотограф со чиста душа и со искрена љубов кон кучињата, така што нејзината поиследна фото-серија со наслов Flower Power, цели да ги покаже истите во поинакво светло, истакнувајќи ја нивната нежна страна. Станува збор за различни раси на пит-бул, за кои постои предрасуда дека се агресивни. Фотографката го надминува тоа и прави сите да се замислат и согласат дека станува збор за урбана легенда. Моделите во оваа фото-серија се достапни за посвојување преку Second Chance Rescue, Sean Casey Animal Rescue и Animal Haven, сместени во Њујорк.

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10

- Реклама -