Изберете порта, па прочитајте каков живот живеете

Толку комплексни, а толку едноставни. Изборот на една обична слика може за миг да ги соголи вашите стремежи.

1. ОДИТЕ ПО ПАТОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО
Вие сте личност на која и треба многу простор и мечтаете за слобода да ги правите нештата на свој начин. Преферирате да газите по животните патишта кои самите ги одбирате и градите, па секогаш имате многу опции и можности. Избегнувате да се најдете во ситуација да бидете стеснети и ограничени. Прилично сте независни, некогаш и бунтовни, но сепак, избегнувате конфронтации со другите. Вашиот одговор е пасивното избегнување. Не сакате кога сте под притисок на времето и кога брзате, напротив, сакате да посветите дел од времето на уживање во животот. Понекогаш, знаете и да претерате со хедонизмот.

2. ПРИВАТНОСТА Е ВАШАТА ДЕСТИНАЦИЈА
Сакате да патувате сами, да размислувате, да анализирате и донесувате заклучоци, да ги средувате сопствените мисли. Тежнеете кон комфор во животот во кој има место само за еден. Отворени сте и кон другите, но примарни ви се вашите лични цели и посветувањето кон самите себе. Оригинални сте и проникливи, светот го гледате на уникатен начин. Често, вашите совети и размисли им се од корист на другите. Може да се наречете осаменик, но осаменик кој има цврста врска со другите и е полн со разбирање.

3. ЖИВОПИСНА АВАНТУРА
Вие сте привлечна и зафатена личност, космополит кој сака се да проба. Сонувате животот да ви биде исполнет со бои, возбудувања и убавина. За вас, суштината на животот е во патот, а не во дестинацијата. Љубопитни сте и секогаш желни за повеќе знаење. Најчесто сте вие тие кои го започнуваат разговорот и сте полни со прашања. Духовити сте и интелигентни, а луѓето уживаат во вашето присуство.

4. ВОЗБУДУВАЊА – БЕЗ ЗАПИРАЊЕ
Секогаш одите напред, дури и кон непознатото. Не се грижите премногу за последиците, секогаш има време за нив, подоцна. Сакате непредвидливост и нешта што за другите луѓе се застрашувачки. Непознатото ве привлекува, им пркосите на правилата и често сте невнимателни. Спонтани сте и во постојана потрага по ново возбудување, сакајќи во целост да го искористите времето што ви е дадено на планетава.

5. СТАБИЛНО ВОЗЕЊЕ
Вие сте вечен трагач по мирот, и не барате премногу. Вашата личност е многу содржајна, но понекогаш едноставно одбивате да се трудите. Идеалниот живот за вас значи живот без бранови и потешкотии, сигурен и пријатен. Сакате да знаете во што се впуштате и секогаш кога имате прилика го одбирате полесниот избор. Животот е доволно тежок за вие дополнително да се бавите со тешки одлуки и ситуации. Стабилни сте и доследни, силна потпора за околината.

6. ПАТ НА ТИШИНАТА
Ја цените самотијата во секој аспект од животот. Може да помине долго време, а вие воопшто да не се почуствувате сами. Сакате мир и тишина. Се стремите да впиете се што е убаво од природата и животот, и барате значење во се што ве опкружува. Не ги сакате гужвите, но ги сакате луѓето. Сакате искрени и чисти релации и длабоки, смислени разговори.

- Реклама -