Апликацијата за мобилни уреди МАКЕДОНИКА е номинирана за најпрестижната светска награда WSA 2014 (World Summit Award Mobile) www.wsa-mobile.org Станува збор за избор на најдобра светска апликација за мобилните платформи iOS и Android.
Илјадниците пријавени апликации беа поделени во осум категории, а нашата МАКЕДОНИКА беше номинирана во категоријата е-образование и е-учење и успешно ја помина првата селекција. Меѓународното жири составено од реномирани IT експерти одбра 454 мобилни апликации што влегуваат во борбата за најдобрите пет.
На крајот на септември ќе се знаат победниците. Веруваме дека единствената апликација од Македонија што коба било се борела рамо до рамо со светските софтверски гиганти ќе успее во својата мисија. Се надеваме дека оние што одлучуваат и влијаат на изборот на победникот ќе ја препознаат големината на оваа софтверска платформа како прва и единствена во светот.
Посебно сме горди што целиот софтвер е 100% македонски производ, замислен, развиен и создаден од тим од македонски програмери, дизајнери, уредници и други врвни експерти.
Натпреварот за наградата WSA се одржува секои две години во Абу Даби (OАЕ) во организација на ICNM (International Center for New Media) во соработка со UNESCO (The United Nations Organization for Education, Science and Culture), UNIDO (United Nations Industrial Development Organization) и UN GAID (United Nations Global Alliance for ICT and Development).
Доколку не сте ја ”симнале” Македоника,тоа може БЕСПЛАТНО да го направите преку Google Play Store и Apple App Store.