Познатиот комичар проговорил за пороците во емоционално интервју за британскиот весник The Guardian…
Трагично починатиот актер Робин Вилијамс неодамна објавил како по напорната година (снимил дури четири филма) повторно има потреба да оди на рехабилитација.
Вилијамс пред раѓањето на неговиот син во 1983 година беше зависник од кокаин и алкохол, но прв пат се откажа од пороците пред неговото раѓање и успеа да остане трезен дури 20 години.
Но, за време на снимањето на филмот „The Big White“ во Алјаска во 2003 година почнал повторно да пие.
„Бев во мал град кој не е на крајот на светот, но може да се види од таму. И помислив: алкохол. Хеј, можеби алкохол ќе помогне. Бев осамен и ми беше страв, премногу работев и реков: „За*би, можеби ќе помогне“. И тоа беше најлошото нешто во светот“, се потсетил актерот во интервјуто за The Guardian.
„По првата голтка се чувствував топло и убаво. Но, следната работа која ја чувствувате е дека имате проблем и дека никој не може да ви помогне“.
Вилијамс беше близок пријател со Кристофер Рив, но вели дека неговата смрт не била причината за враќањето на пороците.
„Посебично од тоа, навистина се работи за страв. Само помислете- во ред, ова ќе ми го олесни мојот страв. Но, не помага. Се плашам од се. Тоа е страв кој е насекаде и фрустрира. Престрашен сум и вознемирен“, објаснил актерот.
Но, не се вратил на кокаин бидејќи знаел дека тоа „ќе го убие“.
„Не, кокаинот ме прави параноичен и неспособен, многу е забавен. Ниту еден дел од мене не рече: „Супер, ајде да го пробаме“. Бескорисни разговори до полноќ, будење во зори како вампир… Не“, додал тој.
На Робин му била потребна само една недела за да сфати дека повторно има проблем со алкохолот.
„Таа прва недела се лажете себеси, си велите дека можете да прекинете, и потоа вашето тело се побунува и вели- не, ќе прекинеш подоцна. И тогаш ми беа потребни речиси три години за да прекинам“.
На крај, семејството го охрабрило да оди на рехабилитација, а Вилијамс секоја недела посетувал собири за лечење на алкохоличари. Пред пет години комичарот беше на операција на срцето, каде една аортна валвула е заменета со свинска.
„О Боже, станувате емотивни. Такво нешто ги крши сите ваши бариери, вашиот оклоп. И немате избор, буквално сте целосно отворени. И се чувствувате смртно“, го опишал искуството.
Неговиот втор брак заврши во 2008 година поради пиењето, иако тогаш вече бил трезен.
„Бев срамотен, правев работи кои предизвикуваа гадење и од тоа тешко се опоравува. Секој може да каже: „Ти простувам“, но тоа не е исто како закрепнувањето. Не можеш да поминеш преку тоа“, тврди Робин.
Во својата кариера Робин Вилијамс направи неколку навистина необични избори. Комедии, по кои е и најпознат, го направија богат и славен, но сентименталноста на филмовите како „World’s Greatest Dad“ подобро одговара на неговата кариера.
„Сега сум малку посреќен. Но не се плашам да бидам несреќен, тоа е исто така во ред. Тогаш можете да застанете и кажете- се е добро. И во тоа е работата, тоа е подарок“, заклучил актерот во интервјуто пред неколку години (2010).
Целото интервју можете да го видите тука.