Навистина ли ова е диетална храна или е само добар маркетинг?

Во обид да се храниме целосно здраво,  често стануваме жртва на некои рекламни притисоци.

И во обидот да ги намалиме калориите и штетните хранливи состојки всушност постигнуваме спротивен ефект. Едноставно е – рекламата има за цел да нè тера да купуваме, а не да ни објаснува што е корисно за нашето здравје. Ви нудиме неколку примери за храна, кои што успеале да ја добијат славата на здрава исхрана, но не благодарение на своите квалитети, туку поради рекламната активност на нивните производители:

Јогуртот и овошно млеко

Зошто ги јадеме? Тие се несомнено вкусни, во атрактивни пакувања, помагаат во варењето, содржат калциум и се „толку лесни, што можеме да ги јадеме во неограничено количество”.

Всушност … јогуртот има  прилично висока масленост – во еден пакет се содржат 150 калории. Одделно од мастите во нив се содржи доста шеќер или засладувачи, а  0,5% масленост најчесто значи премногу големо количество скроб.

Рационален предлог: барајте “златната средина”, односно млечни производи со 1,5-2% масленост, повеќе можност без ароматизатори и адитиви. Рокот на траење не смее да надминува 7-10 дена – инаку ви се закануваат млечни бактерии. За да можете да се зајакнете полесно, каснете со јогуртот и тост пченкарен леб.

Мусли

Зошто ги јадеме? Според рекламите пораки, тие се корисна храна која го зголемува лачењето на енергија. Всушност … необработени мусли не јаде никој. Тие се пржат или печат, се полеваат со млеко, мед, суво овошје, чоколадо и навистина изгледаат многу пријатно во чинијата и крцкави во устата. Ако во 100 грама сурови необработени мусли се содржат околу 300 калории, во печени, со разни дополнителни состојки има 400-500 калории.

Рационален предлог: ако не ви се допаѓаат сурови мусли, јадете обработени, но не оние кои се пржат во масло. Најдобрите додатоци се сувото грозје и оревите. Препорачливо е да ги конзумирате со кисело или пресно млеко – за да ги избалансиранте јаглехидратите со лесни  протеини.

Газираните пијалоци “лајт”

Зошто ги пиеме? На екранот девојка со мерки 90-60-90 пие газирани пијалоци “лајт”, опкружена со убави млади мажи. Бараната асоцијација е јасна – таа е згодна, а  сите сакаме да бидеме. При тоа колку се може повеќе! Всушност … калориите на пијалоците “лајт” се намалени  за сметка на шеќерните. Сепак, многумина ја ставаат под сомнеж диеталноста во целост.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

Да, за директна штета не може да станува збор, но е утврдено на пример, дека дури и при незначително загревање аспартамот се распаѓа на одделни делови, од кои една е формалдехид. Ова, се разбира, се крајности, до кои се доаѓа во лабораториски услови. Во пракса, во 1 литар газиран пијалок има не повеќе од 50 грама аспартам, односно за да се дојде до опасни последици се потребни до 100 литри. Но сепак – кому е потребна слична замена откако шеќерот не може да се дефинира како повеќе штетен. Од друга страна, јаглеродниот гас исто ги иритира ѕидовите на желудникот и цревата. Освен тоа тој го засилува апетитот. Пијалоците кои содржат кофеин (кока кола, Пепси и повеќето енергетски пијалоци), пак привремено го потиснуваат апетитот, а тоа може да доведе до нерамнотежа.

Рационално решение: Консумирајте ги во мали количини задолжително по јадење, но не и на празен стомак.

Густи сокови

Зошто ги пиеме? Бидејќи се вкусни и сметаме дека ни се потребни. Всушност … вистинското овошје и овие сокови имаат малку заедничко. Направените споредби покажуваат дека во индустриски произведени “природни сокови” има  помалку витамини и влакна, отколку во штотуку приготвените од вистински овошје и зеленчук. Затоа пак простите јаглехидрати се далеку повеќе. Еден литар „купечки” сок содржи  во просек 500 калории. Се разбира, има и такви без шеќер, но за да се постигне „оригиналниот” вкус, се додадени фруктоза или други засладувачи.

Рационален предлог:

Избирајте сокови во кои нема конзерванси и бои (ако успеете да најдете такви). Ако поради некоја причина не можете да си правите сок ​​дома, изберете од продавницата такви кои што се збогатени со витамини и се во тетра-пак пакување – во стаклените пакувања витамините се осиромашуваат брзо под дејство на светлината. Купувајте сокови кои што содржат и месест дел од плодот (макар и во премногу минимално количество) – во нив барем има некаква целулоза. Не пијте сокови на гладно – инаку брзо ќе огладнете

.

- Реклама -