На една изложба на компјутери рекламен агент промовирал компјутер кој што знаел сè.
– Е, штом знае сè – рекол еден од гледачите, – тогаш нека каже каде е татко ми.
По некое време компјутерот одговорил:
– Таткото на господинот е по риба во Канада.
– Не е точно – викнал гледачот. – Татко ми е одамна мртов.
– Но вие не го поставивте прашањето правилно! – се налутил агентот, застанал пред компјутерот и поставил нов прашање:
– Каде се наоѓа сопругот на мајката на господинот?
– Сопругот на мајката на господинот – одговорил компјутерот, – умрел пред неколку години, а таткото на господинот е по риба во Канада.