Најновиот додаток, на кој што му се радуваат носителите на моделите на iPhone 5 и 5s, се лепливите ливчиња. Тие се прикачени на грбот на смартфонот и секогаш се на располагање на неговиот сопственик.
Тефтерчињата се состојат од 80 ливчиња на кои што се пишува со специјалниот iPhone Pen.
Во секое време можете да направите еден брз цртеж на задната страна на телефонот или пак да составите листа со намирници.
Ако пак сте обожаватели на фармерките и на iPhone истовремено, за вас веќе постои идеален модел на фармерки. Стилските панталони, дизајнирани од Alphyn Industries, се опремени со транспарентен џеб, кој што обезбедува брз пристап до вашиот smartphone.
Моделот DELTA415 Wearcom ќе ви обезбеди можност да го користите вашиот телефон, без да мора да го вадите од џебот.
Џебот, направен од иновативен материјал овозможува целосна интерактивност со iPhone, Android и други сензорни уреди.