Сеуште немате Facebook Messenger? Изгледа ќе морате.
Неодамна пишувавме за „темната страна“ на релативно новата Facebook Messenger апликација и ве предупредивме да не ја користите. Но, Фејсбук изгледа решил да ве примора.
Имено, наскоро веќе нема да можете да се допишувате преку основната Фејсбук апликација, а некои корисници веќе добиле и известување дека треба да го инсталираат Messenger-от. Според Mashable, ова не е само „рекла-казала“ туку е потврдена информација и од самата компанија.
За сега, промената ќе биде задолжителна за корисниците на iPhone и Android телефоните, додека интегрираната опција за допишување ќе остане достапна за корисниците на Windows Phone и iPad.
„Пораките си одат од Фејсбук и преоѓаат на Messenger, затоа одсега ќе бараме од луѓето да ја инсталираат оваа апликација и да почнат да праќаат пораки преку неа“, велат од Фејсбук, додавајќи го милион пати слушнатото „нашата цел е на корисниците да им го понудиме најдоброто можно искуство во допишувањето со мобилни уреди“.