Кина започна со копирање цели села

Кина е земја позната по изработка на евтини копии на квалитетните производи. Сега, Кинезите можат да се пофалат дека успеале да ископираат цело австриско село.

Фамозното село се наоѓа недалеку од јужниот град Хуижу, во провинцијата Гуангдонг, а претставува идентична реплика на малото градче Халштат во Австрија, коешто е ставено под заштита од УНЕСКО.

Според локалните весници, кинеската компанија за ползување руди, China Minemetals Corporation има вложено преку 940 милиони долари во изградбата на ова контроверзно село, со надеж дека местото ќе привлече туристи, но и инвеститори кои ќе купуваат имот.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
- Реклама -