Оваа дама е единствениот жител на својот град

Градот Монови, Небраска, е една од најмалите населби во САД. Кога влегувате во градот, на плочата пишува дека населението изнесува 2 лица, но оваа информација всушност е за 50-проценти зголемена.

Во 1930 година населението  броеше 150 лица, а денес сепак единствениот жител е 78-годишната Елси Ајлер. Другите се иселени во потрага по подобри можности за работа. Буџетот на градот е 500 долари годишно. Елси е  истовремено градоначалник, библиотекар и шанкер. Во градот има 4 улични светилки.

Таа работи во свој локал, каде што  служи хамбургери за 2,50 долари и пиво за 2 долари. Вели дека нејзините хамбургери се најдобрите во градот. Во 2005 година таа ја изградила тука библиотека во спомен на нејзиниот сопруг. Во неа има 5 000 книги.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување

Жителите од соседните градови, редовно ја посетуваат единствената жителка на Манови.

mon3 mon2 mon(2)

 

- Реклама -