Опуштање по хороскопски знак

zodijak.jpg За некого миењето чинии е омразена обврска, а за други пријатно опуштање. Ѕвездите може да ви помогнат да го пронајдете сопствениот вентил, или уште подобро, да ви посочат како да израдувате блиска личност.


За некого миењето чинии е омразена обврска, а за други пријатно опуштање. Ѕвездите може да ви помогнат да го пронајдете сопствениот вентил, или уште подобро, да ви посочат како да израдувате блиска личност.
spa_centar.jpg

Овенот се релаксира во согласност со својата авантуристичка и импулсивна природа. Вообичаено тоа е маунтин бајк или планинарење по кое следува обилен оброк.

Типичниот Бик неверојатно многу ужива во слободното време кое си го посветува себе си. Целодневно уживање во луксузен спа центар е еден од најочигледните избори бидејќи Бикот ужива облечен во мек пењоар да се шета од масажа на педикир и обратно.

Двојната личност на Близнаците им овозможува да се чувствуваат пријатно и кога се сами и кога се опкружени со многу луѓе. Близнаците ги опушта шолја кафе во самотија, читање весници и решавање крстозбори, но и прошетка и играње фризби со пријателите во парк или на плажа.

piknik.jpg
Ракот се чувствува најудобно кога го минува времето во семејна атмосфера. Совршенството значи лежерни 24 часа во кои ќе руча со семејството, ќе поиграат некоја игра и најважно, ќе се потсетуваат на „добрите стари времиња“.

Драматичниот Лав сака да собере група пријатели со кои ќе оди во театар или на целодневен шопинг маратон. За што и да се одлучи, типичниот Лав ќе бие најсреќен ако носи впечатлива облека што го привлекува целото внимание.

Девицата ужива во средување на куќата. По долгото и темелно чистење следува наздравување со омилениот пијалок.

joga_vaga.jpg
Секогаш во потрага по баланс, Вагата е спокојна кога вежба јога, кога останува сама дома за да се опушти пред телевизор со омилената програма или кога се одлучува да оди на масажа на целото тело.

Скорпијата својата релаксација ја бара меѓу пријателите и во центарот на разговорот. Едно попладне минато со бескрајни разговори и пиење кафе е доволно за полнење на батериите.

Стрелецот оддишката ќе ја побара крај вода – без разлика дали тоа ќе виде под туш, крај езеро, во море или пак, зад шанк експериментирајќи со коктели со мраз.

vodopad.jpg
Јарецот најдобро се релаксира при креативна работа, а најдобро се изразува преку бои. Идеалното опкружување секогаш е природата со сиот свој раскош.

Водолијата ќе ја опушти ден минат во кујна, готвејќи необични јадења со свежи состојки. Типичната Водолија не може да одолее на примамливите вкусови, егзотичните зачини и аромата на тазе печените колачиња.

Рибите ги опушта разгледувањето и прередувањето фотографии кои ќе ги потсетат на некои убави денови, особено од летните одмори. Минуваат многу време во подготвување нов редослед на спомените во омилениот албум.

- Реклама -