Пијано компонира мелодии според облаците над него

Американскиот уметник Дејвид Боуен конструира пијано што компонира мелодии во зависност од облаците што минуваат над него, пишува “Дејли мејл”.

Музиката варира според густината, брзината и формата на  облачноста во регионот. Оваа информација се чита во компјутер и по анализа ја превзема  робот кој што го контролира притисокот на клавишите.

article-2717920-204DDAC400000578-202_634x351

Неговите механички раце знаат колку силно да ги притискаат копчињата и колку брзо да ја отсвират мелодијата.Много композитори биле инспирирани од облаците, кога ја создавале својата музика. Меѓу нив се забележуваат имињата на Дебиси и на Лист. Но сега овие атмосферски субјекти самите ги создаваат своите сонати. Инсталацијата е наречена „Облачно пијано” и користи камера за да снима  детали  во небото.

article-2717920-204DDABF00000578-750_634x350

Ако над инструментот минуваат темни и густи облаци, роботот ги притисока посилно копчињата. Кога облаците се воздушести и музиката ќе биде во тоа расположение.

article-2717920-204DDAB300000578-176_634x343 article-2717920-204DDA9B00000578-131_634x259

Сликите се поделени на 88 сегменти, пред да бидат поднесени на компјутерот за анализа преку специјалната програма Max / MSP.

- Реклама -