На петтото меѓународно натпреварување во трубачки оркестар, кое штотуку заврши во Гуча, учествуваа околу девет оркестри и тоа од Полска, Романија, Србија, Словенија, Македонија и Словачка.
Најдобар меѓународен оркестар, по одлука на жири комисијата е „ Uska Kan“ од Македонија, додека Екрем Мамутовиќ е прогласен за најдобар светски трубач.
На второ место е Сокол Оркестарот од Полска, а трети е The Zuralia Orchestra од Романија.
Неколку стотици љубители на дувачкиот инструмент уживале два часа во звуците додека траело натпреварувањето, а по прогласувањето Македонците продолжиле да ја забавуваат расположената публика.
„ Пресреќни сме. Ја понесовме титулата најдобар светски оркестар и тоа е нешто за што мечтеат сите трубачи. Идеме понатаму“, велат гордите победници.
Потсетуваме дека лани на истото натпреварување за најдобар трубач беше прогласен Демир Кантуровски, член на оркестарот Uska – Kan од Македонија.