Најчудните фестивали на светот

Повеќе... Од тркалање сирења до натпревар во носење на сопругите во Скандинавија, светот е полн со необични, колоритни и понекогаш бизарни настани.


Од тркалање сирења до натпревар во носење на сопругите во Скандинавија,
светот е полн со необични, колоритни и понекогаш бизарни настани.

Скокање преку бебиња (El Colacho)
Од 11 до 15 јуни, Castrillo de Murcia, Шпанија
baby-jumping_1387620i.jpg

За прв пат одржан во 1620 година, овој необичен настан кој го слави Corpus Christi (или Телото Исусово) се одвива такашто возрасни мажи облечени како Ѓаволот прескокнуваат група од бебиња кои лежат на улица.

Тркалање сирења
Се одржува секој 25 мај
cheese-rolling_1387615i.jpg

На овој популарен фестивал учесниците бркаат сирење што се тркала по стрмните, калливи Coopers падини во Gloucestershire.

Фестивал на калта
11-19 мај
boryeong-mud-festi_1387617i.jpg

За прв пат одржан во 1998-та, Фестивалот на калта во Boryeong денес привлекува повеќе од милион посетители во овој Јужнокорејски град. Туристите и локалните жители на денот на фестивалот уживаат во калта  за која се вели дека е богата со минерали, на плажата Daecheon.

Шампионат во борење за камили
Ќе се одржува во јануари, 2010 во Селџук, Турција
camel-wrestling_1387616i.jpg

Сега ограничено само во некои делови на Турција, камилското борење се одвива така што две камили се напаѓаат една со друга додека едната не се откаже или не биде соборена. Често се случува камилата-губитник да истрча накај гледачите предизвикувајќи паника кај оние што се трудат да не бидат прегазени.

Шампионат во носење на сопругата
4 јули, Sonkajärvi, Финска
wife-carrying_1387624i.jpg

Учесниците во овој шампионат се трудат да бидат победници во трката додека ја носат својата сопруга на грбот. Победникот добива пиво онолку колку што е тежок товарот т.е. неговата жена. Слични настани почнаа да се одржуваат на различни места во светот.

Шведска маса за мајмуните
Ноември, Lopburi, Тајланд
monkey-buffet-fest_1387630i.jpg

Преку 600 мајмуни се поканети да се гостат со повеќе од два тони колбаси направени на скара, свежо овошје, сладолед и други слатки работи на најголемата мајмунска гозба. Локалното население на овој начин сака да им заблагодари на мајмуните кои го населуваат селото и кои им носат илјадници туристи секоја година.

La Tomatina
26 август, Buñol, Валенција
tomatos_1387627i.jpg

Индустриското гратче Buñol секоја година ги повикува 20.000-те туристи да се тепаат со домати на големата битка со храна. Има различни теории како сето тоа започнало, од кои една вели дека овој обичај датира од времето на антифранкоистичките протести во 1945.

Hadaki Matsuri (Фестивал на голотијата)
naked_1387629i.jpg

Учесниците обично носат јапонско fundoshi, или појас, и фрлаат кал и вода еден кон друг што го симболизира прочистувањето. Фестивалите на голотијата се одржуваат на повеќе локации низ Јапонија, обично во лето или зима. Иако традиционално ова е спиритуален настан, многумина се приклучуваат само заради забава.

Noche de Rábanos (Ноќта на ротквиците)
23 декември, Oaxaca, Мексико
radishes_1387676i.jpg

Во 16 век, откако ротквиците им биле донесени на Американците, продавачите на зеленчук, имале обичај да прават скулптури од нив за така да ги рекламираат на пазарот своите производи. Од 1897 година овој обичај се прославува со фестивал во кој најдобрите скулптори добиваат парични награди.

Фестивал на портокалите
Февруари, Ivrea, Италија
ivrea-orange-festi_1387614i.jpg

Секоја година во гратчето Ivrea, жителите рекунструираат историска битка во средновековни костими, вооружени само со портокали. Девет тимови на фрлачи-со-портокали се тепаат едни со други, а за да бидат во кондиција јадат грав.

Pourcailhade
Август, Trie Sur Baïse, Франција
pig-festival_1387628i.jpg

Учесниците на овој фестивал во француското селце Trie Sur Baïse уживаат во јадењето колбаси, трките со прасиња и натпревар во имитирање свинчиња.

Burning Man
24-30 август, Black Rock City, Невада
burning-man_1387733i.jpg

Секое лето околу 50.000 хедонисти се собираат во пустината во Невада за осумдневно безредие кое кулминира со горење на голема дрвена скулптура.

Фестивал на репката
14 ноември, Richterswil, Швајцарија
turnip_1387625i.jpg

Преку 20 тони на изделкана репка и 50.000 свеќи се изложени на овој фестивал кој ја слави репката. Настанот вклучува и паради со осветлени куќи и многу музика и забава.

Фестивал на тестисите
29 јули – 2 август, Клинтон, Монтана, САД
testical_1387716i.jpg

Околу 6.500 луѓе се очекува да присуствуваат на 27-миот по ред годишен Фестивал на тестисите во Rock Creek Lodge во Монтана. Ова е настан строго ограничен само за возрасни посетители, иако се се одвива околу темата на јадењето тестиси од бик, или т.н. Rocky Mountain Oysters, посетителите можат да очекуваат борење со масло, натпревар на водени маички и уште многу голотии. Во средите на фестивалот, е „Денот без долна облека“ кога се нуди бесплатна пијачка во замена за долната облека.

Шампионат во туркање со палци
Јуни, Ashbourne, Derbyshire
toes_1388943i.jpg

На овој шампионат двајцата опоненти седат еден спроти друг и ги сместуваат своите палци во арената, двете нозе се во игра се додека еден од нив не излезе од одредените граници, за оној другиот да биде прогласен за победник.

- Реклама -