Ќерката на британск милијардер е на листата на патници кои ќе заминат со првиот приватен лет во вселената, а нејзиниот термин за породување се преклопува со датумот на лансирање.Ќерката на британскиот милијардер Сер Ричард Брансон, Холи, би можела да стане првата жена која ќе се породи во вселената, пишува Дејли Мејл.
Холи објави дека е во бремена состојба и дека таа и нејзиниот сопруг Фреди многу се радуваат на детето, а времето на породување „случајно“ се преклопува со првиот приватен лет во вселената, организиран од страна на нејзиниот татко.
Ќе биде ли таа првата жена што се породила во вселената?
Холи се уште не открила дали го планира својот вселенски пораѓај, но со оглед на тоа дека нејзиниот татко е еден од најголемите ѕверки во односи со јавноста и маркетингот, таа идеја не би изненадила никого.
Брансон е сопственик на компанијата ‘Virgin Galactic’.