Колку може да боли најопасната мравка?

Според Шмитовиот индекс на болка, куршум-мравката позната како „Bullet“, важи за инсект со најболен убод на светот. Јачината на болката што ја предизвикува се споредува со јачината на струен удар од 20.000 волти, а според многумина, оваа мравка ја предивикува најсилната болка што воопшто може да се почуствува. Инаку, Џастин Шмит, кој и самиот ја искусил агонијата, го опишува чувството како одење бос по усвитен јаглен, со шајки од 10-тина сантиметри забодени во петите.

bullet_ant[1]

И покрај тоа, ширум Јужна Америка сеуште постојат изолирани племиња што го користат убодот на „куршум-мравката“ во ритуалите во кои момчињата преминуваат во мажи. А маж се станува изложувајќи се на убодите дури и по 10-тина минути, потоа трпејќи ја болката со часови и часови. За да имате претстава, една мравка нанесува неколку убоди во секунда, а паралелно излачува и хормони кои ги повикуваат и останатите мравки во близина да се придружат на нападот. Болката од само еден убод може да трае и до 24 часа. Во ритуалите се користат ракавици полни со куршум-мравки.

1355694-bullet-mravi[1]

Храбрите момци од Јутјуб каналот „Hamish & Andy“ решија да го испробаат ова на своја рака. За среќа, убодот на мравката не може да предизвика било какво физичко оштетување или смрт, но долготрајната изложеност на екстремна болка може трајно да го наруши психичкото здравје, што јасно се гледа во видеото:

- Реклама -