Лондон ја одбележува 100-годишнината од избувнувањето на Првата светска војна со море од булки.
Познатиот уметник Пол Каминс, кој што се занимава со керамика, и сценографот Том Пајпер „засадиле“ околу Тауер во Лондон 888 246 црвени керамички цвеќиња.
Секој цвет е симбол на еден загинат војник.
Кога по долгата зима помеѓу 1914 и 1915 година снегот конечно се стопил, милиони булки расцветале врз поранешните боишта. И до денес во Англија тие се симбол на меморијата за војната и се носат на денот на нејзиното одбележување.
Инсталацијата ќе биде пред Тауер до 11-ти ноември, по што цвеќињата ќе бидат распродадени по 25 фунти за секое.