Светскиот бренд за накит Oxette во продавниците во Македонија неодамна започна летна промоција со намалување до 30%.
Преку оваа промоција љубителите на Oxette добиваат можност омиленото уникатно парче накит во летниот период да го набават по специјална цена.
Компанијата е основана во 1998 година во Грција и за брзо време стана еден од водечките меѓународни брендови за накит. Брендот е наменет за современи, софистицирани луѓе кои ја сакаат модата и ја истакнуваат својата уникатност преку накитот и часовниците на Oxette. Првата продавница на Oxette во Македонија е отворена во 2006 година. Продавниците на Oxette во Македонија се наоѓаат во Градскиот Трговски Центар (ГТЦ), Рамстор и Skopje City Mall.