Пет продукти за рамен стомак

Дури и вашата линија да сте ја довеле до совршенство, резултатите нема да бидат целосно видливи ако вашиот стомак е подуен. Збогатете ја вашата диета со следниве неколку продукти во наредните недели и резултатите на вашиот стомак ќе бидат повеќе од очигледни.

Краставица

Овој зеленчук што редовно се наоѓа во летните салати е богат со вода која помага во спречувањето на подуеноста.

Лубеница

Заедно со краставицата, лубеницата спаѓа во групата овошја и зеленчуци со најголема содржина на вода. Со малиот број калории и шеќер, лубеницата е совршен избор за летна лесна вечера.

Грозје

Покрај тоа што е вистинско задоволство за вашите сетила за вкус, грозјето е одлично за вашиот стомак. Ја намалува подуеноста и помага во спречувањето на гасовите. Оставете го во фрижидер преку ноќ и потоа грицкајте го во текот на целиот ден.

Бадеми

Секогаш кога се чувствувате подуено, грицкајте бадеми или фстаци. Сепак, внимавајте да одберете несолени бадеми, затоа што солта ја задржува водата во телото и може само да ја зголеми вашата подуеност.

Тиквици

Овој вкусен зеленчук е одличен летен избор, затоа што може да се приготвува на голем број начини. Наместо зелена салата, почесто јадете тиквици печени на скара како салата и вашиот стомак ќе биде порамен.

- Реклама -