Бар со опијанувачка атмосфера

Повеќе... Вообичаени се предупредувањата да се пие со мерка, но посетителите на еден коктел бар во централен Лондон се предупредени да дишат одговорно, од причина што самиот престој таму може да ги опијани.


Вообичаени се предупредувањата да се пие со мерка, но посетителите наеден коктел бар во централен Лондон се предупредени да дишат одговорно,од причина што самиот престој таму може да ги опијани.

ginbchen_450x300.jpg

Само 40 минути поминати во барот ќе направи да се чувствувате опијанети. Според пресметките на сопствениците на барот, 40 минути е во просек времето за кое луѓето се задржуваат во бар, па така е и наместен апаратот кој ја испушта алкохолната пареа. Во воздухот испарува специјална мешавина на џин и тоник која се инхалира или епски коктел како што го нарекоа неговите креатори. За посетителите да не ја понесат со себе опијанувачката арома, т.е. за да не мирисаат од километар дека само што излегле од пивница, постои посебен дрес код – специјални заштитни костими.

За да се надополни опијанувачката атмосфера барот е декориран такашто да направи да се чувствувате како да сте внатре во пијалокот, со огромни чаши и сламки, а доживувањето е доловено и со специјалниот саундтрак со звуци од течност која се налева врз коцки мраз. Барот со капацитет за 40 луѓе кој се наоѓа на улицата Ganton во централен Лондон е дело на гастрономите Sam Bompas и Harry Parr кои зад себе имаат и други вакви необични гастрономски инвенции во епски размери.

- Реклама -