Кафе на покривот од Вашата куќа

Кога еден дизајнер ќе измисли совршено решение за најубав оброк со најубав поглед, тогаш истото е пречекано од светот со голема радост. Aine Bunikyte е дизајнерка на мебел со потекло од Литванија, која што создаде масичка и столчиња сместени на покрив, кои овозможуваат едно прекрасно искуство. Две столици и една кафе-масичка се инсталирани на покривот од една куќа во Литванија, кои подоцна може лесно да се постават на речиси сите покриви. Пиењето кафе со Ваша драга личност никогаш нема да биде исто!

1 2 3 4 5

- Реклама -