Видео рецепт: Американски палачинки во 3 бои

Вкусен, здрав и разнобен појадок!


Подготовка

Чекор 1: Во сад за матење ставете го брашното, шеќерот, прашакот за печиво, солта и три лажици шеќер. А во помал сад ставете го путерот (по можност да е мек).

Во друг сад матете го млекото и јајцата.

Чекор 2: Потоа течната смеса додајте ја во сувата смеса. Матете со жица за да не се направат грутки. Откако ќе ја изматите оставете ја на страна околу 15/20 минути. Потоа поделете ја смесата во три различни садови ставете куркума, шумско овошје и спанаќ (претходно разварен околу 1 минута).

Чекор 3: Во тавата ставете малку масло за јадење и полека сипајте од смесата за да формирате американска палачинка. Печете на средна температура, околу 1,5 минути од секоја страна (зависно од јачината на шпоретот).

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

СОВЕТ: Американските палачинки може да ги направите во милион комбинации на вкусови и бои, слободно експериментирајте!

- Реклама -