Жолтите „смајли“ иконки од 2013 година очигледно се чинеа застарени за iPhone, па ја создадоа апликацијата наречена imoji која овозможува selfie фотографиите да ги претворате во стикери и иконки со кои можете да комуницирате и да ги искажувате емоциите.
Imoji озможува уште поинтересна комуникација. Се што треба е да си направите selfie фотографија или да изберете некоја која што ви се допаѓа и преку апликацијата да ја едитирате со што ќе ја претворите во стикер кој можете да го испраќате додека комуницирате. – Напиша Apple на својот официјален веб – сајт.
Апликацијата imoji е многу поразлична од останатите апликации за испраќање пораки како што се WhatsApp, Kakao Talk или Line. Истата претставува само можност да направите стикери, а не самостојна апликација за комуницирање. Корисниците можат да изберат дали сакаат креираните imoji иконки да бидат јавни или приватни.
Апликацијата е достапна за iOS уредите од 24. јули и веќе може да се пофали со илјадници стикери.
Текстот е објавен во соработка со socialnet.mk.