Љубителите на пилешкото месо најчесто имаат забележано една мошне необична работа. Не ретко се случува да се пронајде печено пиле кое е поевтино од свежото месо кое треба да се подготви дома.
Готвењето дома е секогаш поевтина варијатна, но зошто ова е исклучок?
Објаснувањето е едноставно – рестораните кои се занимаваат со оваа дејност вака ги продаваат пилињата чиј рок на употреба е пред самиот истек. И ова не се случува само со пилешкото месо, туку и со останатите месни намирници кои се продаваат готови.
Иако на прво слушање оваа пракса не звучи фер кон потрошувачите, сепак, експертите оцениле дека станува збор за одлична работна стратегија. Наместо да се фрла храната која се уште може да се јаде, трговците ја подготвуваат, печат и сервираат топла.