Тајната на успешниот брак – Спијте голи!

Да, добрите бракови имаат тајна за успешноста, и тоа многу едноставна – партнерите спијат голи.

Британските научници спроведоа истражување во кое учествуваа 1.004 испитаници, а резултатите покажуваат дека 57 проценти од оние што спијат голи се среќни и задоволни од својата врска. За разлика од нив, среќни се 48 проценти од оние што спијат во пижами или долна облека.

o-SEX-BED-facebook

Стивен Мекензи, од Портсмут, вели: „Спијам гол веќе 6 години и многу ми е попријатно отколку носење пижами или боксерици. Мојата жена исто така спие гола, и навистина, никогаш не сме биле посреќни. Ни помага потполно да се опуштиме во креветот“.

Експертите велат дека еден од најважните фактори за да бидете среќни во врската се околностите и атмосферата во кои спиете. „Постелнината треба да е пријатна и мека за кожата, што може да поттикне отвореност и интимност меѓу партнерите, а со тоа ултимативно да влијае на зголемувањето на среќата“.

sleeping naked

Сепак, за среќата во бракот се важни и неколку други навики во спалната соба. На пример, најголем дел од луѓето не сакаат партнерот да им јаде во креветот, 59% не поднесуваат нечиста долна облека на подот во спалната, а 23% не поднесуваат кога партнерот носи чорапи во кревет.

- Реклама -